Интегрални тестенини со лосос, спанаќ и домати

losos-testenini

 

Овој рецепт не само затоа што има одличен вкус, туку исто така и многу брзо се подготвува. Димениот лосос неверојатно добро оди во комбинација со тестенини, а спанаќот не дава само одличен визуелен ефект, туку и ја пополнува чинијата, со што побрзо и повеќе се заситуваме и си обезбедуваме уште повеќе хранливи материи. Доколку сакате уште повеќе да го зголемите внесот на зеленчук, додадете мешана салата!

Потребни состојки:

  • 50g интегрални тестенини
  • 100 g димен лосос
  • 200 g спанаќ (свеж или замрзнат)
  • сос од домати
  • 1 исецкан свеж домат
  • половина главица кромид
  • зачини по ваш избор
  • лажичка пармезан

Начин на подготовка:

Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето. Спанаќот подгответе го посебно. Во меѓувреме, направете сос од домати, така што половина главица кромид пропржете ја на маст, па додадете го сосот и зачинете го. Во сосот, додадете го исечениот лосос и промешајте. Готовиот сос истурете го врз сварените тестенини и потоа ставете го и варениот спанаќ и ситно исецканите домати. По желба додадете мешана салата.

Намаз од лосос, јајца и павлака

losos-namaz

Овој вкусен намаз може да го искористите за мачкање на леб или врз крекери или како смеса за полнење на тврдо варени јајца, заедно со зеленчук. Наместо павлака, можете да искористите и урда, јогурт, или пак да додадете малку мајонез. Исто така, имате простор да си поиграте со различни зачини.

Потребни состојки:

  • 50 g димен лосос
  • 1 јајце
  • 1 лажица кисела павлака (или урда)
  • зачини по ваш избор

Начин на подготовка:

Исецкајте го лососот на мали парчиња или исецкајте го со помош на блендер. Јајцето тврдо сварете го, исечете го на мали парчиња и измешајте го со лососот. Спојте ја смесата со павлака или урда.

Како подлога искористете интегрален леб, тост или крекери, или едноставно со намазот наполнете ги тврдо варените јајца за вкусен оброк со многу малку јаглехидрати.

Назад кон првиот дел